Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студентите и aкцијашите-ветерани пошумуваа кај Спортската сала „Јордан Мијалков“

Втора година, што значи веќе традиционално, се одржа заедничка акција на пошумување на студентите од Земјоделскиот факултет и Здружението на акцијаши-волонтери „Пат на младоста“.
Споделете
Втора година, што значи веќе традиционално, се одржа заедничка акција на пошумување на студентите од Земјоделскиот факултет и Здружението на акцијаши-волонтери „Пат на младоста“. Пошумувањето и овој пат се одржа на просторот околу Спортската сала „Јордан Мијалков“. Од страна на претставниците на Здружението на акцијаши-волонтери беше упатена порака дека ваквите акции треба да бидат поттик за сите да се вклучат во озеленување на просторите во местата каде што живеат или работат. Беше најавено дека планот е во иднина вакви акции да се организираат два пати годишно и на други локации.