Search
|     contact@ugd.edu.mk

Тимот „A fortiori” од УГД освои второ место на натпревар во Србија

Споделете

Тимот студенти „A fortiori” од 5 до 7 април учествуваше на VII регионален „moot court“ натпревар „Бранко Маринковиќ“ на Правниот факултет во Ниш, Р Србија, во познавање на Европската конвенција за човекови права и постапките пред ЕСЧП во вкрстени мечеви со правни факултети од Р Србија и Р Македонија.

Два дена во шест мечеви студентките покажаа одлични познавања на материјата и одлична усна презентација.

Во тимот апликанти натпреварувачи беа студентките Ања Кафеџиска, Леона Димова и Севда Мемиш, а во екипата на респонденти Марија Најдова, Викторија Манева и Сара Бојкова.

Студентите беа предводени од м-р Елена Трајковска.

Академски тренери на тимот се проф. д-р Елена Максимова, проф. д-р Дејан Маролов, ас. д-р Наташа Донева и демонстратор м-р Елена Трајковска.