Search
|     contact@ugd.edu.mk

Истражувачи од Бугарската академија на науки во посета на Факултетот за информатика

Споделете

Осум истражувачи од Институтот за информациски и комуникациски технологии и Институтот за роботика при Бугарската академија за науки во Софија беа во посета на Факултетот за информатика во периодот од 2 до 5 април 2024 г.

Најпрвин тие одржаа заедничка средба со професорите и асистентите од Факултетот за информатика и гостите од Бугарија, на која присуствуваа и двајца колеги од Електротехнички факултет. На средбата, дел од гостите презентираа што работат на нивните институти, и беше дискутирано за можностите за заедничка соработка на научни проекти и истражувања.

Двете институции разменија и можности за соработка на проекти во кои би се вклучиле и студенти и млади истражувачи, а воедно и споделија досегашни искуства од областите во коишто работат.