Search
|     contact@ugd.edu.mk

Нашите студенти

Нашите студенти

Маја Дејаноска-Алчевска – Факултет за медицински науки, Општа медицина

Клучна предност во текот на студиите беше тоа што имавме можност да бидеме вклучени во различни проекти и настани, да даваме сопствени идеи и истите да бидат реализирани од страна на Факултетот

Нашите студенти

Студентка од Машински факултет е промовирана како една од 20-те студентки од инженерските факултети

Бојана Стојанова од Машински факултет е промовирана како една од дваесетте студентки од инженерските факултети на државните универзитети во земјава на иницијативата Global Engineer Girls – North Macedonia

Нашите студенти

Мартин Алексов – Правен факултет, насока Правни студии

Студирав на универзитет кој беше нов, полн со желба за напредок и созревање, со цел еден ден да биде најдобриот универзитет во нашата држава. Учев од најдобрите професори во државата и уште подобри асистенти

Нашите студенти

Стефан Коцев – Факултет за медицински науки, Општа медицина.

Освен редовните вежби кои ги имавме согласно со нашата наставна програма, ја имав таа среќа да бидам Еразмус студент, поминав еден семестар во Р. Бугарија во Пловдив. Имав можност да посетувам практична настава и во Русија, Самара.

Нашите студенти

Кристина Паунова – Електротехнички факултет

Најголем впечаток ми оставија предавањата за обновливите извори на енергија и преносните и дистрибутивните системи. Тие професори се најзаслужни за мојот голем интерес за овие области.

Нашите студенти

Денис Ѓоргиевски – Факултет за природни и  технички науки, насока Рударство

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: квалитетната настава и стручниот кадар со кој може секој студент да воспостави одлична комуникација, а воедно располага со богата програма за студентите да го добијат вистинското образование.

Нашите студенти

Христијан Николовски – Музичка академија , студиска програма по Етнокорологија

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Да го поминам патот и системот на едукативниот процес во етнокореологијата со цел вистинско запознавање на традиционалната култура.